Кратко време нè дели од доаѓањето на пролетта. Деновите стануваат подолги, потопли и посончеви. Наскоро ќе можеме да ги оставиме крзнени лакни, капути и пердувести јакни во плакарот да не чекаат за постудени денови, а ние ќе почнеме да носиме потенки јакни. Оваа пролет, покрај класичните пролетни јакни, ќе доминира една модна новина, а тоа е над -кошула!
1. Кожна јакна
Кожната јакна е безвременски тренд, така што ќе се носи и оваа пролет. Кожната јакна може да биде со класичен крој, но кожни јакни кои личат на кошули ќе бидат популарни.
2. Мантил
Оваа пролет ќе се носат “oversized” -„преголеми“ мантили, со долг крој или оние кои ги носеа во 80-тите години на минатиот век.
3. Тексас јакна
„Преголемиот“ “Oversized” крој ќе преовладува и во светот на тексас јакните. Најтрендовска ќе биде таа која е “испран” тексас. Долгите тексас јакни повеќе нема да бидат „ин“, туку оние до или над колковите.
4. Над-кошула
Над-кошула е јакна изработена од материјал познат како фланел. Фланелот е топол материјал, идеален за свежите пролетни вечери. Над-кошула во коцкаст дезен е најголемиот хит во сезоната.