Италијанската модна куќа Версаче ќе ја пропушти модната недела во Милано, која трае од 23 февруари до 1 март. Наместо тоа, брендот ќе ги претстави своите колекции есен / зима 2021/2022 за мажи и жени на 5 март во исто време во дигитален формат.

„Дигиталниот настан има свои предности. Една од нив е можноста да комуницирате со публиката секогаш кога ви одговара “, рече креативниот директор на брендот Донатела Версаче. Таа сто така, потенцираше дека оваа одлука не влијае на долгорочниот однос на брендот со организаторите на Модната недела во Милано. Версаче секогаш ќе биде клучен играч и голема поддршка на италијанскиот моден систем.

Во текот на изминатите неколку години, Донатела Версаче успеа да го врати поранешниот сјај на италијанската модна куќа Версаче. Сега сите зборуваат за култниот бренд од деведесеттите, а помладата генерација будно го следи развојот на брендот и е подготвена да проба секси, сензуални и смели фустани. Ако порано меѓу обожавателите на брендот беа Елизабет Харли, Линда Евангелиста, Наоми Кембел, Синди Крафорд, Анџелина Џоли, па дури и принцезата Дајана, сега фустаните на италијанскиот бренд ги носат Дуа Липа, Зендаја и Хајли Бибер.

Меѓу големите брендови кои ќе ја пропуштат модната недела во Милано се и Гучи и Ботега Венета – тие ќе ги претстават своите колекции во формат на одделни настани, а датумите сè уште не се објавени.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСкопје Сити Мол ги изненади своите посетители за Светскиот ден на Нутела
Следна објаваПролет/лето 2021: ненадмината романтична цветна елеганција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ