Карактеризирани со златни детали и раскошни финиши, овие вили некогаш биле во сопственост на мафијашки шефови, измамници, водачи на нарко картели и диктатори, сè додека полицијата не им затропала на вратата. Иако на прв поглед понекогаш мислите дека се исплати да се биде криминалец, полицијата лесно ќе ве одврати од таа идеја. Секој криминалец, кога ќе се најде пред лицето на правдата и ќе плати за сите свои гревови, останува без покрив над главата и без богатството.

Бројни криминалци кои оставиле траен белег во денешниот свет уживале во животот на неверојатен начин – возејќи ги најскапите автомобили, поседувајќи егзотични и забранети миленичиња, живеејќи во најлуксузните вили, опкружени со убави жени. Но, практично секој од нив во еден момент од животот останал без сето она што го стекнал со својата злобна работа, без оглед колку бил моќен во зенитот на неговото криминално владеење.

Овој пат, се фокусираме на најлуксузните вили на најголемите криминалци во светот, кои дефинитивно ќе ве остават без зборови. Откријте ги во галеријата …

Мексиканското скривалиште на Пабло Ескобар (со богатство проценето на 24 милијарди фунти (30 милијарди долари) пред неговата смрт, озлогласениот наркобос Пабло Ескобар беше еден од најбогатите негативци во историјата)

Додека неговата главна резиденција беше во Колумбија, кралот на кокаинот ја поседуваше и оваа идилична скривница во Тулум, Мексико.

Вилата на Чарлс Понзи во Масачусетс

Куќа во Хамптонс на Берни Медоф

Одморалиште на Ал Капоне во Флорида

Скривалиште во Хјустон на Винсент Палермо (Според гласините, човекот кој бил инспирација за ликот на Тони Сопрано во наградуваната серија на ХБО)

Резиденцијата на Тони Акард во Ривер Форест
СПОДЕЛИ
Претходна објаваLG го претстави новиот ROLL-UP мобилен телефон!
Следна објаваМода за мажи: 8 стилски тенденции кои треба да ги прифатите оваа година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ