Интернет платформата „Mytheresa“ стана ексклузивен партнер во трговијата на мало на новата колекција Burberry Future Archive …
Создадена од Рикардо Тиши, Burberry Future Archive е единствена капсула на култните современи модели на Burberry. Колекцијата е произведена во ограничена количина, а секое парче е дизајнирано исклучиво, потпирајќи се на богатото искуство на модната куќа во производството на горна облека.Класичен, а во исто време модерен, безвременски стил – ова се принципите кои го водат Burberry, создавајќи модерен одраз на легендарната историја на брендот во новите колекции. Колекцијата од дваесет и седум парчиња е заснована на облека, од штепани капути до пилотски јакни и мантили – обележја на куќата.Колекцијата вклучува и панталони, како и додатоци, од панама шапки до ранци, шалови и чанти – за мажи и жени.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБајковита вила во Аспен!
Следна објаваДијалог: Првата кампања на Миучија Прада и Раф Симонс!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ