Удобноста на прво место …
Една од суштинските предности на славењето на Новата година дома е тоа што можете да си дозволите доза на удобност која вам ви одговара. “Party” пижамите се дефинитивно добра идеја, нели? Сепак, инспирирани од Џенифер Лопез, можете алтернативно да одберете подеднакво удобна тренерка.
Поп-sвездата ја сподели оваа нова фотографија со своите обожаватели – пејачката веќе го украси својот дом за празниците, а подготвена е да ги дочека Божиќ и Нова година.
Кога станува збор за нејзината комбинација на облека, Џеј Ло се чини одбра тренерки во кралско сина боја кои дополнително ги истакна со светло обоени патики на Најк. Некои ќе речат дека овој изглед е здодевен, но ние велиме дека е совршен!