Ако некој некогаш ве праша која реклама е најскапа, веројатно ќе помислите на некоја што е снимена во вселената …
Иако Estee Lauder и плати на NASA 128 000 УСД за да го фотографира бараниот Advanced Night Repair серум, во рамките на Меѓународната вселенска станица, нивната кампања, не е ни блиску до најскапата.
Пред неколку години, Lexus се здружи со режисерот и оскаровец Кевин Мекдоналд за да ја создадат првата рекламна кампања за вештачка интелигенција и повторно не успеаја да ја земат победата како најскапа кампања досега.
Таа чест, всушност му припаѓа на брендот Chanel, за рекламите на нивниот култен парфем Chanel No 5.
Оваа рекламна кампања е снимена во 2004 година, кога 33 милиони долари беа потрошени на 180 секунди рекламирање. Мора да признаеме дека кампањата е повеќе од бајка, а Никол Кидман ја одигра главната улога – нејзиниот хонорар беше 3 милиони долари, додека нејзин партнер на сетот беше Родриго Санторо.
Кампањата е наречена The Film, додека приказната се врти околу една убава суперsвезда која се обидува да ги избегне папараците, и така завршува со непознат маж во такси. Звучи како дел од роман, нели? Санторо потоа копнее по својата сакана во неговиот стан, каде огромен знак на Шанел се наоѓа на кровот. На самиот крај, Кидман е повторно во улога на sвезда на црвениот килим, додека со носталгија гледа кон покривот и се сеќава на убавите времиња.
Режисер на филмот беше Баз Лурман, кој го импресионираше целиот свет. Патем, кампањата постави нов стандард во снимањето кампањи за парфеми – рекламите престанаа да бидат клишеа и станаа многу повеќе од тоа. Тие не продавале мирис, туку луксуз и гламур!