Италијанскиот бренд Макс Мара претстави нова колекција (пред-есен) инспирирана од стилот на уметницата, новинарка и фотографка Елизабет Ли Милер.

Црно-белите фотографии на sвездата во воена униформа ги принудија дизајнерите на брендот да го преиспитаат својот став кон сивата боја, а исто така влијаеја и на главната идеја на линијата, која беше наречена „Combat tailoring“.

Значи, во колекцијата можете да видите совршено кроени парчиња, кариран дезен, широки јакни комбинирани со карго панталони и здолништа до колена.

Принтот со големи точки беше омилен на Елизабет Ли Милер. Макс Мара ги користи сите свои варијации, од помали до огромни точки кои ја красат облеката. Целата колекција пред-есен 2021 година е претставена во три бои – бела, црна и сива.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПод елката: „празнични чевли“ за дочек на 2021 година!
Следна објаваМодерна и разиграна кампања на Фенди!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ