Живееме во едно поинакво време каде што секој чувствува доза на страв и неизвесност, каде што секој се труди да остане со позитивни мисли за едно подобро утре и драж за подобра иднина. 

Идејата за новата колекција: “2020 going 80’s”  настана со цел да се навратиме кон 80-тите години, во едни поедноставни времиња каде на луѓето стресот им беше нешто непознато, кога одличната поп-култура вклучувајќи ги најдобрите филмови, музика и ТВ емисии внесуваа енергија во вистинските љубители на забавата,…времето кога луѓето беа среќни знаејќи животот е составен од моменти за паметење.

Иако тие години се минато, смелиот, еклектичен стил од таа деценија продолжува да живее и денес. Кога ќе помислите на модата од 80-тите години, веднаш добивате слика на светли бои, розева, зелена, сина,…совршено обликувани “разиграни” кадрици украсени со дречливи стегачи, како и “агресивна”, блескава и колоритна шминка. Белите патики, грејачи, широки блузони, искинати хулахопки, бајкер-јакни и широки здолништа, се уште дел од силуетата на 80-тите години. Големо влијание врз реализацијата, а воедно и инспирација за оваа колекција беше и легендарната музика која што плени со широкиот спектар на жанрови носејќи категории и варијации дотогаш нечуени, варијации кои и ден денес се главен сегмент во современите ноти.

Кога ќе помислите на 80-тите, помислувате на Мајкл Џексон, Мадона, Витни Хјустон и уште многу други извонредни изведувачи. А каде се слушале овие незаборавни гласови? Секако, на касетофоните. Тој е впрочем и главниот симбол на “AngieM” спортската колекција. Оваа колекција на спортска опрема, хеланки со висок струк, топчиња и дуксерки, е наменета за сите девојки кои се пред сѐ спортски активни, вежбаат јога, фитнес, аеробик, зумба, пилатес, кои сакаат да носат удобни парчиња кои го истакнуваат женското тело, а притоа сакаат да се чувствуваат пријатно и женствено. 

Но нашите парчиња не се само за спортските ентузијасти. Дизајнирани со неверојатни детали и совршено-позициониран крој, тие може да се користат и како моден избор за вечерни или попладневни излегувања. 

За внимателно срочените парчиња да доживеат целосна реализација повторно се погрижи нашиот врвен моден дизајнер ЗАНОВ. Додека за целосното заокружување на идејата, огромна благодарност им искажуваме на посебните: make up артистот Миа Араби, Елена Николова беше задолжена за фризурите, Мартин Трајановкси – фотограф, Ѓорги Вацев – видео, Ангела Анчевска – модел , Ангела Младеноска – модел, Марија Лукаревкса – кореограф и танчер, Сања Матевска – танчерка – студиото за танци “Сонриса” и модната агенција Моделс Ин Менаџмент. За целосната организација и дизајн на колекцијата се погрижи Ангела Младеноска (основач на AngieM).Специјална благодарност до Вања Младеноска (коосновач на AngieM.)  А сега ве оставаме да се запознаете со моделите од новата колекција. Уживајте!

Ова е линкот до инстаграм страната https://www.instagram.com/by_angiem/?hl=en

Линкот во продолжение е facebook страната https://www.facebook.com/AngieMdesign

На линкот подолу e online продавницата https://angie-m.com/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗАВРШНА ИЗЛОЖБА НА ПРОЕКТОТ„ИНТЕРЕТНИЧКО СТРИП УЧИЛИШТЕ“
Следна објаваСовршенa за специјални прилики: трендовска облека од плиш!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ