Една од најубавите колекции создадена од Вирџинија Вијар …

Продолжувајќи ја својата традиција, модната ревија на новата колекција на Шанел e посветена на работата на работилниците на Метие д’Арт.

Сјајни јакни со процепи, светли хеланки комбинирани со кратки здолништа, костуми со кристали, фустани во ултрамодерниот „шах“ и топови со мрежа.

Видовме импресивен и комплексен дизајн на накит, како и апсолутно шармантни капи со црн превез. Особено се издвојуваат ткаенините: луксузно кадифе и тексас со цветен принт кои ја освежуваат колекцијата и ја прават една од највпечатливите на сите времиња откако Вирџинија Вијар е креативен директор на модната куќа.

НЕМА КОМЕНТАРИ