Zara е една од најпознатите светски трговски марки, а причината зошто е тоа така e фактот што ги носи најновите трендови по малку поевтина цена и со тоа ја прави урбаната мода достапна за секого.

Покрај парчињата облека, овојпат Zara вклучи и долна облека, елегантни ноќници и удобни комплети. Широкиот асортиман на облека дефинитивно е една од главните причини зошто секогаш се враќаме во Zara, а неодамна најавената колекција долна облека, без никакво размислување, дополнително ќе нè „врзе“ со оваа популарна марка. Првата колекција на долна облека доаѓа под името ‘The Female Gaze’  се карактеризира со едноставен и женствен дизајн со меки пастелни тонови и фини свилени материјали. Покрај долна облека, колекцијата вклучува и прекрасни комплети за спиење, бањарки и ноќници, а што се однесува до деталите, фокусот е на тантелата и чистите линии. ‘The Female Gaze’ е одлична комбинација на трендовски и удобни алишта за спиење, односно долна облека, па не се сомневаме дека сигурно ќе најдете нешто за себе.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова урбана колекција Ivy Park x Adidas
Следна објаваКреирајте совршен амбиент со новата колекција на обоено осветлување!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ