Сега, кога сме во есенскиот период од годината, дефинитивно треба да ги оставиме летните фустани длабоко во плакарот и да се свртиме кон малку потопли варијанти.

Есента сака земјени бои, сите нијанси на кафеава, црвена и беж боја, но сепак и бојата од која никогаш не се откажуваме, дефинитивно црната. Како што споменавме, црната е безвременска класика која не познава трендови, но нема време од годината кога и не ја носиме. Следните постудени денови се совршен момент да си играте со оваа боја и да им дадете на слоевитите и интересни комбинации минималистичка динамика која освојува сè пред вас без никакво размислување.

‘All black’ комбинациите се совршени за смели жени кои сакаат елеганција и суптилна доминација, тие се силни и бестрашни и верни љубители на елегантен стил. Црната има моќ да ја направи секоја облека неколку чекори попосебна и поинтересна, додека останува потполно верна на нејзината смиреност и суптилност.

Споделуваме со вас неколку интересни ‘All black’ комбинации како инспирација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMust have боја за есен? Chive Pantone – здрава и регенерирачка хармонија!
Следна објаваГотвиме филм со Бранко – едукативна работилница за деца и проекција за филм –
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ