Брендот H&M со гордост ја објави соработката со луксузниот италијански бренд Giuliva Heritage, познат по своите беспрекорни кроеви, кои ја воведоа класична машка облека во светот на женската мода.

Основачите на овој бренд, сопружниците Маргерита Кардели и Џерардо Кавалиере, се страствени љубители на модата која трае и е направена од квалитетни материјали.

Заедно со H&M и по примерот на италијанското модно наследство, тие создадоа модерна колекција изработена со материјали од одржливи извори, а во согласност со патот на двата бренда кон циркуларната мода, користени се рециклирани материјали во целата колекција.

Колекцијата Giuliva Heritage x H&M ќе се најде во продажба во продавниците H&M од 3 септември.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗдравје: Салата со смокви, сезонско овошје, моцарела и пршута!
Следна објаваМузика: 10 хитови на Стинг кои можеме да ги слушаме секогаш!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ