Како да се продолжи со производството, да се зачува стандардот, но и да се понуди на публиката она што е потребно во моментот, се само некои од предизвиците чие решение најдобро одговара на филозофијата на одржливост во модната индустрија.

Gucci Off The Grid – Jane Fonda

Комбинацијата на одржливоста на модата и високата мода е дел од последната кампања на Gucci ,”Off The Grid”, која се базира на одржливи модни постулати.

Естетски, колекцијата го сумира препознатливиот еклектицизам на Gucci, а овој пат Алесандро Микеле ja вклучи неутрална боја во модната приказна која одлично ја нагласува смиреноста и сензибилноста на колекцијата.

,,Off The Grid”, според дизајнерот, е всушност еден вид поглед кон иднината што вклучува подигнување на еколошката свест и малку поинаков поглед на природата што нè опкружува.

НЕМА КОМЕНТАРИ