Сјај на метал, кристали и обоени камења …

Ултра рамни како егзотичен допир за ден или со многу висока пета за вечер?
Сандалите со накит се повторно во мода оваа летна сезона, изгледаат совршени и даваат блескав допир на минималистички изглед или ја комплетираат елегантната облека.

Скапоцените детали не се само на ременчињата: дизајнерите ги украсуваат скулптуралните потпетици со камења или го заменуваат ременот со елегантни ланчиња.

Тие се носат со фармерки и бела маица, но и со многу лесни кошули, свилени фустани и здолништа со должина до коленото: моден додаток кој ја покажува вашата грациозна страна.

Па, зошто да не ги носите на денот на вашата свадба и потоа на вечера со пријателите?

Во фото галеријата можете да го откриете нашиот избор на сандали – рамни, со ниски или високи потпетици – од колекциите пролет / лето 2020 година.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако ги комбинираме белите фармерки оваа пролет!
Следна објаваMango: клучни парчиња во кои се инвестира сега!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ