Дали сте подготвени да се заразите со новата боја на Pantone? Нејзиното име е Бискеј Грин и веќе ја сакаме!

Живописната и шармантна нијанса е токму тоа што ни е потребно во овој период, толку неизвесен и тежок, што веднаш се чувствувате посмирено и позитивно. Да, зборуваме за зелената боја. Но, не за секоја нијанса, туку на Бискеј Грин, бојата која Пантон ја избра меѓу најзастапените бои за 2020 година.

Свежа и светла нијанса, близу до зелената вода што мириса на лето и кристално чистото море (токму она што сега го сонуваме), подготвена е да ни даде живописен изглед на нашиот летен изглед штом ќе можеме да излеземе. Замислете ја оваа нијанса на исончаното и потемнето тело, ќе биде навистина прекрасно!

Со кои бои да се комбинира за беспрекорен резултат? Ја обожуваме комбинирана со розовата (уште една трендовска пролетна и летна боја), но исто така е неверојатна со кобалтно-сината и интензивно црвената, со виолетовата и најлуксузните пастелни нијанси кои ќе ни го подобрат  расположението, а секако и со белата за супер супер шик изглед!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧасовник изработен од 150 милиони години старо дрво
Следна објава,,Под стакло” видео изложба на уметникот Сашо Блажес
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ