Пролетниот период е секако еден од нашите омилени и веруваме дека е непотребно да се спомене зошто е тоа така. Сончеви денови, мирисот на цвеќето и високите температури се само некои од причините што едноставно ги обожаваме во оваа сезона.
Иако во моментов сме во неповолна ситуација и сите убавини на пролетта се привремено „откажани“, тоа не значи дека треба да заборавите на веселите и светли бои што ќе ни го подобрат денот. Ако требаше да избереме една боја што совршено ги опишува пролетните денови, тоа би била жолтата, без размислување. Жолтата боја е светла, позитивна и разиграна и лесно се вклопува во секоја стилска комбинација. Едноставно е невозможно да се биде незабележан доколку се носи нешто жолто, посебно доколку целото внимание е свртено на деталите. Деталите му даваат на стајлингот сосема нова приказна.