Му предвидуваат брилијантна кариера, а многумина не знаат дека тој е внук на светски познатата манекенка …

Иако веќе подолго време го избегнуваше модниот свет, 25-годишниот Американец од неодамна ги следи стапките на неговата тетка, супермоделот Кристи Трлингтон – и е на добар пат да стане, најпопуларното лице на модната писта.

Заводливи усни, експресивни сини очи, префинети црти на лицето… Има многу сличности помеѓу Џејмс Трлингтон (25) и неговата тетка Кристи ТрлингтонT(51) поранешна супермоделка која во 90-тите со Наоми Кемпел и Линда Еванџелиста го направија Светото тројство – „Holy Trinity“.

Но, внукот на Кристи не се најде на пистата заради врските на неговата тетка – иако, токму таа го охрабри да ја проба својата манекенска кариера.

Скаутите од модните агенции го забележале на теренот за бејзбол, кога Американецот од 190 сантиметри бил резервен играч на Лос Анџелес Доџерс.

Тој ја одбил првата понуда затоа што се надевал на кариера во светот на професионалниот бејзбол, но кога не влегол во првата постава на клубот, сфатил дека неговиот таллент  како модел ќе му донесе поголем успех и пари.

Новата sвезда, како што го нарече онлајн платформата Ранкер, полека, но сигурно станува модна икона. Како на поранешен спортист, најмногу му одговараат лежерни модели кои ги комбинира со екстравагантни детали на авангардните дизајнери како Вивиен Вествуд и Валтер Ван Бејрендонк.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХит мини торба на Prada!
Следна објаваСкриени значења во колекцијата Александар Меквин есен-зима 2020/2021!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР