Најдоброто од минатите децении …

Креативниот директор на брендот Макс Мара беше инспириран од доцните 70-ти и ја посвети колекцијата на пејачката Деби Хари. Во колекцијата на истакнатата модна куќа се појавија маици со принт, облечени под капути или во комбинација со службен деловен костум.

Кога дизајнирал, Јан Грифит имал многу фотографии во умот од тоа време. Тој ги замислувал забавите на сопственици на галерии, музичари, уметници и девојките од високото општество кои воделе динамичен општествен живот, присуствувајќи на боемски настани во тогашниот Менхетен. Затоа, заедно со чистите линии на аристократски бели панталони, колекцијата вклучува луксузни фустани од тафта до под за навечер како и свилени комбинезони.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР