Отворена детска работилница-Музеј на Детска Илустрација


Оваа концепт на работа го прифаќаме во слободен и урбан контекст за децата да можат да се изразуваат слободно креативно во природен амбиент на отворено небо.

Eкспериментирање во креативниот процес илустрирање и инспирирање по сопствена желба од имагинарниот детски ум.
Развивање на имагинација и просторно размислување, ослободени за експериментирање со повеќе медиуми.

Вредност и важност во детско ликовно истражување не е во тоа да знае да нацрта наслика тоа што ние ќе го препознаеме , туку во тоа што самото дете го гледа и пронајде и открие во светот кој го опкружува.
Големото богатство се крие во разговорот за цртежот или сликата и ни ја отвара вратата на својот внатрешен свет фантазијата, желбите, соновите и стравовите. Овој разговор е корисен и за детето, воспитачите, за родителите и учителите.
—————————————————————————————–
ЛОКАЦИЈА: ПРЕД ПЛАТОТО на МКЦ
Ќе бидаат поставени маси, столовии штафелаи на отворено за да можаат 30тина деца слободно да се изразуваат со темперни-акрилни, фломастери, двени боички, креди….

Времетраење од 13 до 15часот сабота 12.05.2019
Со овој начин сакаме да видиме како размислуваат и на што се фокусирани децата на возраст од 4 до 12 годишна возраст, да изградиме една тематика на МУЗЕЈ НА ДЕТСКА ИЛУСТРАЦИЈА.
Дел од изработените цртежи и разговори ќе се најдаат во некое следно публикување на ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР.

Материјали: Темперна боја,Водени бои, Хартија, Фломастери, Дрвени боички, моливи, мрсни боички, пастелни, креди во боја.

———————————————————————————–

Работилницата е подржана од Министерство за Култура на Република Северна Македонија и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ 2

Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Dмоделатори, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

————————————————————————————
Ментори: Доротеј Нешовски- интердисциплинарен уметник, соработник-Ивана Стаматовска
————————————————————————————

Настанот ќе се одржи во недела со почеток во 13.00h

Родителите слободно можаат да се прикучат во процесот на креативно создавање и дружење.

 

Ве очекуваме!!

Благодариме на Доротеј и Ивана за отстапениот материјал!

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ