Уникатен моден додаток кој ќе го носиме оваа пролет, а поседува неограничен спектар на можности и секогаш предизвикува воодушевување кога и да го краси нашиот изглед.

Вистинско мало богатство кое можеби се крие во малите стари кутии за накит на нашите баби, брошот е ефектно парче на накит кое било актуелно уште во античко време и служел за украсување на фустаните. Познат под името (Fibula), тој бил актуелен кај старите Римјани, Германи, Келти и Грци, истиот играл голема улога во означување на општествениот статус и идентификација на сопственикот.

Соврешено изгледа и во спортска и во класична модна комбинација. Убаво освежување ќе биде и како украс на вашата летна плетена чанта.

Модните трендови доаѓаат и си заминуваат, брошот е вечен моден украс кој никогаш не излегува од мода.

.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР