Кога станува збор за прославување на Нова Година и Божиќ, многу дами се наоѓаат на слатки маки, размислувајќи што да облечат за таа специјална прилика.

Проверено, дамите секогаш се одлучуваат за свечени фустани во црна боја.

Меѓутоа, оваа сезона дизајнерските брендови ни предлагаат вистинско освежување, во вид на металик и светликави парчиња во нивната понуда.

Не се само монистрите во мода, се носи и кадифе и свила кои секогаш изгледаат елегантно. Доминираат сребрената и златната боја кои се многу благодарни за комбинации со црната.

Доколку барате елегантен фустан кој ќе ве направи sвезда на вечерта, тука имаме  неколку предлози каков вид на фустан треба да изберете.

Ако немате храброст да облечете таков фустан, секогаш можете да изберете statement чанта или чевли за да додадете одреден степен на атрактивност во вашата модна комбинација.

Бидејќи е празнична сезона, дозволено е да се претерува, слободно одберете го најатрактивниот фустан и уживајте во него!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИдеи за декорирање на домот со Living Coral – хит боја за 2019!
Следна објаваНајубавите хотели во Њу Орлеанс!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР