Марија Грација Киури го слави женскиот уметнички израз со многу интензивна и добра колекција инспирирана од нејзините италијански корени.

“Беше дел од неверојатната група уметници кои се обидоа да се изразат со техниката”, така Киури зборува за уметницата Соња Делоне, чија креативна кариера во 20 век еволуираше од сликарството, преку текстилот и линија на облека.

Нејзиниот мултидисциплинарен приод беше авангарда во тоа време – уметноста и занаетот коегзистираа низ дизајнот.

Меѓу впечатливите креации кои ги направи Делоне во текот на животот, беше и фустанот кој го креираше за Кристијан Диор, кој на времето го носела пејачката Франсоа Харди, во време кога Марк Бохан ја предводел куќата Диор.

Новата колекција на Кристијан Диор за есен 2019 година, потпишана од Киури, се карактеризира со релаксирани, но сепак многу сложени детали.

Колекцијата има силни вибрации од 70-тите години на минатиот век, особено кога станува збор за фустаните од тантела, блузи со фолклорни мотиви и ребрести ролки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто бараат миленијалците во еден автомобил?
Следна објаваВашето купатило во празничен сјај!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР