Брендот Moschino ги пренесе шарените модели од модната писта, во новата пролетно / летна 2019 кампања …
Дел од кампањата беше и супер моделот Бела Хадид, сестра на исто така, супер моделот Џиџи Хадид!
Стилистка на снимањето беше Карлин Серф де Дуџил, а моделите носеа шапки со широки ободи и statement модни додатоци, кои совршено ги придружуваа нивните атрактивни модни комбинации.
Фризурите се дело на Гвидо Палу, а за шминката беше задолжена познатата Пат Мекрат.