По откривањето на заедничката соработка, Riccardo Tisci конечно ја престави  кампањата со панк иконата, модната дизајнерка Vivenne Westwood, фотографирана од познатиот David Sims.

Славејќи го британскиот стил и наследство, колекцијата е инспирирана од незаборавните колекции на Вивиен Вествуд и го следи unisex пристапот низ сите стилови. Ова е прва соработка на дизајнерот откако дојде на позицијата на креативен директор на модната куќа ” Burberry”, која се состои од јакни на двојно копчање, hugger  јакнии и мини килт, како и платформи со пертли и беретки со кариран  Burberry дезен.

Дел од продажбата на колекцијата ќе биде дониран на фондацијата Cool Earth за прашумите додека самата кампања ќе ја истакне својата работа како дел од колекцијата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБеретките се повторно моден хит!
Следна објаваПлишот е “must have” во декорирањето на ентериерот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР