Еден од најголемите трендови за есен-зима 2018 година е дефинитивно шарпата, оние што ги носат кралицата Елизабета II или оние што ги носела принцезата Грејс Кели.

Scarf print, како што се нарекува во англиското говорно подрачје, се прошири со шарпи кои се носат околу вратот или косата, на блузи, фустани и здолништа, а се видени на ревиите на сите поголеми модни куќи како што се Versace, Céline, Balenciaga, Salvatore Ferragamo, Marine Serre, Jacquemus, Tibi, Vetements, па се до high street брендови.

Иако модната куќа Hermes е препознатлива по шарпите со отпечатоци од коњи, цвеќиња и златни синџири, се чини дека овој тренд се прошири како модерна болест на сите брендови.

Сега, се разбира, можно е да се купат панталони кои имаат scarf print, кошули, тоги, јакни и мантили …

Новиот тренд кој некогаш беше резервиран за дамите кои се возеа во кабриолет, кралици кои одеа во лов и принцези кои шарпите ги носеа спарени со големи очила за сонце, ги воодушевија сите љубители на модата.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВолшебниот свет на дизајнерот Vincent Dare!
Следна објаваНова колекција на H&M X Morris&Co!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР