Престоечките есенски модни трендови дефинитивно после долго време се оддалечуваат од својот минимализам, а накитот е повторно преставен во својата полна форма и убавина многу потсетувајќи на стилот во 80`те години.

Во новата сезона во светот на модните додатоци ни пристигнуваат сосема поинакви стилови. Со непогрешливо чувство за префинетост и елеганција, најновите модни линии на накит со своите каскадни, четвртасти и овално креирани парчиња внесуваат огромна доза на сензуалност во скоро секој од наведените стилови.

Впечатливи модни додатоци кои рефлектираат врвна елеганција и женственост каде префинетета силуета несомнено излегува во прв план. Со еден збор, вечна класика која секоја дама и вљубеничка во накитот треба да ја има во својата колекција.

Бидете елегантни и впечатливи оваа есен без компромис!

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР