Во Grata веќе започнаа големите попусти на летната колекција 2018 – од брендот Axel Accessories.

Брендот изобилува со имагинативна колекција на облека, чанти, обувки и додатоци.
Инспириран од најновите трендови во уметноста и модата во светот, Axel нуди шик и прифатливи сугестии за сите изгледи, одговара на секоја прилика и е достапен за дами од сите генерации како и девојчиња од 3 до 12 години.
Колекциите се добро структурирани, комплетни и флексибилни, со цел да се обезбеди можност за бескрајни комбинации, и секоја жена да се чувствува женствена и шармантна секој момент од денот.
За нас секоја жена е различна и затоа секоја жена е уникатна!
Оваа летна колекција е препознатлива по лежерните и романтични парчиња гардероба, лесни и комотни модели, со доминантни комбинации на сини и бели тонови.
Неможеме да го замислиме летото без фустаните кои се скогаш најактуелни во овој период.
Или уште подобро, фустани кои никогаш нема да излезат од мода.
Меѓу нив сигурно се крие и оној кој совршено ќе ја истакне вашата фигура.
Одберете уникатен модел на памучен фустан со прекрасен декоративен вез, или фустан-кошула, доста практично парче облека во лежерен стил.
 
Вреди да се инвестира во фустан на преклоп. Не само што е совршен за секоја градба на женското тело, туку е одлично парче за на работа или за денска прошетка.
 
И секако оние елегантните и отмени, доволно за да се улови сечиј поглед.
 Достапни во продажба во салонот на Grata – ул. “Миле Попјорданов” 68, Козле 
СПОДЕЛИ
Претходна објава5 Најубави плисирани здолништа за лето од GUCCI!
Следна објаваStella McCartney – колекција пролет/лето 2019!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР