Летните сандали ги сакаме заради изгледот но и заради нивната практичност и удобност, што е од големо значење кога температурите се над триесеттиот степен.

Овие 5 модели се најпопуларни, а ќе ги носиме ова лето …

Сандали од коноп – идеални за престој на плажа

 Сандали со ремени

Овие сандали се практични и удобни, цврсто го држат стапалото, можете да ги носите за време на долгите прошетки или туристичкo разгледување на градот кој планирате да го посетите.

Сандали со блок пета
Еден од главните трендови, удобни и лесни за носење. Широката пета им дава ефектен изглед, а идеални се за летни венчавки или за некои други прилики, при кои е потребно подолго време да стоите на нозете.

Сандали со рамна платформа
Сандалите со рамна платформа се совршени за носење во текот на целиот ден, изгледаат одлично во комбинација со паталони, како и со фустани и здолништа. Со нив нема да погрешите, дури и ако ги носите во оние денови кога веднаш по работа одите на приватни или деловни дружења.

Бели сандали
Белата боја на традиционален начин, отсекогаш е резервирана за летната облека, а исто така и за сандалите, така што ќе ја носиме и оваа летна сезона. Ако ги одберете тие со ниска пета, можете да ги носите во текот на целиот ден, додека оние со високи пети ќе бидат одлични за формални и свечени прилики.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа љубителите на фудбалот – патни торби со трофеите на FIFA World Cup!
Следна објаваСите патишта водат кон Рим!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР