Ако се сметате за познавачи на модата, овие факти ќе ве разубедат …

Сите ние ја сакаме модата, козметиката, фризурите и редовно го следиме секој чекор на модните икони на Instagram. Повеќето жени знаат сè за актуелните трендови, но тоа не е и случај со историја на модата.

Ви презентираме факти за светот на модата, за кои сме сигурни дека без разлика колку сте обожаватели на модата, сигурно не знаете.

– Првиот трговски центар бил изграден во антички Рим.

– До средината на 16 век не постоела детска облека, каква што ја знаеме денес, а  децата носеле облека за возрасни само во помали димензии.

– Вештачките трепки првпат се појавиле во 1916 година, кога режисерот D.W.Griffith нарачал вештачки трепки за актерката Seenа Owen.

– Lacoste е првиот бренд кој ставил лого на облеката.

– Во времето на ренесансата, жените имале презир кон веѓите и ги бричеле целосно.

– Здолништата, се второто најстаро парче облека што некогаш било измислено, а постаро е само парчето ткаенина кое ги покривало полните органи.

– Во 15 век било модерно да се биде трудница, па девојките лажирале труднички  стомак со ставање перници под облеката.

– Кратките здолништа почнале да се дизајнираат, за да им олеснат на жените да влезат во автомобилот.

– Високите потпетици првично биле наменети за мажи, бидејќи им го олеснувале јавањето на коњите.

– Момчињата на возраст под 5 години носеле фустани се до почетокот на 20 век.

– За време на владеењето на Елизабета I во Обединетото Кралство, носењето на шапка било задолжително, а за не почитување на ова правило биле одредувани строги казни.

– Белата облека низ историјата била симбол на тага, се додека англиската кралица Викторија не одлучила да облече бел фустан како венчаница.

– Кратката коса е модерна денес, но во минатото, се сметало дека жените со кратка коса ги вараат своите сопрузи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУникатна уметничка галерија во Тулум!
Следна објаваДенес е празник на големите македонски и сесловенски просветители Кирил и Методиј!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР