Талентот за мода и уметност, како и чувството за комбинирање на бои и модни стилови, несомнено е вродена работа.

Шест годишната CoCo е вистински пример за тоа. Таа е најмладата “модна икона” и инфлуенсерка, прогласена на социјалната мрежа Инстаграм. Со својот ексцентричен и уникатен стил таа ја освои јавноста и за кратко време постигна светска слава здобивајќи се со епитетот “најмлада модна блогерка”.

Родителите на оваа мала звездичка која сјаје на модното небо со само шест години поседуваат (Vintage Clothes Store) во Харајуку, дел од Токио кој е познат по модните случувања. Тие започнале со овој бизнис уште во 2011 година кога нивната ќерка била бебе, но катастрофата кој ја погоди Фукушима ги принудила да се преселат во Токио и да отворат продавница. Малата блогерка уште од најмала возраст била воведена во модниот свет.

Погледнете ја оваа жива кукла, која ужива во модните комбинации и позирањето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР