Францускиот фотограф и новинар Оливие Зам, беше одбран да ја сними новата рекламна кампања за брендот Just Cavalli …

За својата нова кампања, брендот Just Cavalli сакаше да ги истакне двете свои основни вредности – младоста и слободата. Со самиот факт што млади луѓе беа одбрани да ја прикажат колекцијата, таа воопшто не изненадува.

Целта на кампањата беше да се истакне оптимистичкиот, слободен и гламурозен дух на италијанскиот бренд и нивната колекција пролет / лето 2018 година.

Чувството на слобода е претставено преку лесните фустани, долги и кратки, како и живите дезени инспирирани од неверојатната природна убавина на Нов Зеланд. Некои парчиња имаат повеќе рок вибрации, како што се бајкерските и бомбер јакни, како совршен контраст на свилените со тантела фустани, кои во целата приказна додаваат  доза на романтика.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 04.03.2018 година!
Следна објаваНежните тонови на лаванда во вашиот дом!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР