Овен

На работа и натаму добро ви оди. И не само добро, туку ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците.

Некои од вас, ќе ја отворат вратата за нови соработници или пак ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

Бик

Околината ве повредува. Тоа е причина за крајниот негативен став, кој овие денови ве обзема.

Доколку се дистанцирате, постои шанса да го ублажите незадоволството. Материјалната загуба, ви влијае негативно на мотивацијата. Чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците.

Близнаци

Сѐ е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на еден Стрелец, кој ужива во ваше друштво. Се допишувате со некоја личност и ги планирате идните случувања.

Бидејќи се уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.

Рак

Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе најдете солидни аргументи, а вие посебно, имате голема моќ за убедување.

Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.

Лав

Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате.

Работата бара систематичност, а вие со леснотија ги завршувате обврските. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.

Девица

Имате некои недоразбирања со самите себе. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања.

Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

Вага

Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате.

Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.

 

Стрелец

Денешниов ден ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате.

Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

Јарец

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден.

Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

Водолија

Обидете се да работите повеќе, во последно време се обидувате да се извлечете од обврските на работа.

Секојдневните бесмислени разговори ви стануваат здодевни. Затоа, кога разговарате со пријателите, изберете посериозни теми. Денес обидете се да пронајдете инспирација во туѓите зборови и не се плашете да се спротивставите.

Риби

Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно, туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат.

На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБалконски градини како мали урбани оази!
Следна објаваКреативни Велигденски декорации!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР