Miuccia Prada ја одбра младата актерка El Fening да ја отвори и затвори модната ревија на брендот Miu Miu, колекција за есен-зима 2018 година.

Miuccia Prada ни нуди ретро враќање во 80-тите и 50-тите години на минатиот век. Шминката  и фризурите на моделите, јасно укажаа дека познатата италијанска дизајнерка ја најде инспирација во Rockabilly правецот, кој што потекнува од Америка од 1950-тите и беше обновен во 1980-тите.

Предимензионирани силуети на јакни и капути, се комбинирани со “испрани” фармерки, тесни панталони, па се стекнува впечатокот, дека жената што ја сака Miu Miu е таа која има став, кога станува збор за изборот на облеката за есен.

Сите модни ансамбли се споени со очила кои имаат мачкасти рамки за сонце, како и чевли со модерни kitten пети, кои ни ги нуди креаторката со силни комбинации на бои.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо четврток започнува третото издание на Fashion & Lifestyle Expo
Следна објаваРазмрдајте ги sидовите со тапети во најмодерната боја!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР