ОВЕН

Работа – Имате сила и ентузијазам најголема на свет, одете кон нова победа. Само напред.

Љубов – Оваа недела мала стагнација на полето на љубовта и емотивната состојба.

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

БИК

Работа – Кој смее вам да ви застане на патот? Овој пат, вие владеете со ситуацијата и не им дозволувајте на другите да се мешаат.

Љубов – Љубовта ви цвета како пролет.

Здравје – Можна мала несоница.

БЛИЗНАЦИ

Работа – За сега ви е добро, затоа што не работите премногу, а се надевате на уште подобра ситуација која ве очекува наскоро.

Љубов – Партнерот е вашето безбедно пристаниште кое ви дава одмор од работата.

Здравје – Повеќе спиење.

РАК

Работа – Оваа недела се будите од зимскиот сон и повторно сте активни на сите полиња. Паричен прилив на повидок.

Љубов – Повеќе сонувате и мечтаете, отколку што се обидувате да ги реализирате вашите соништа.

Здравје – Добро здравје за оваа недела.

ЛАВ

Работа – Работите многу, но имате и дебели нерви, така да сте подготвени за сите ситуации.

Љубов – Чудна емоционална состојба. Вие не знаете што се случува со вас, но најважно е што сте среќни.

Здравје – Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа – Работата ви зема многу време и енергија и се чувствувате премногу исцрпени оваа недела, заради претерано работење.

Љубов – Партнер го избегнува вашето внимание, што ве доведува до лудило.

Здравје – Вежбајте повеќе.

ВАГА

Работа – Многу размислувате за започнување на свој бизнис, а ѕвездите велат дека сега е вистинскиот момент за тоа.

Љубов – Едно лице во знакот на Овен ве прави среќни.

Здравје – Движите се повеќе и престојувајте на сонце.

ШКОРПИЈА

Работа – Кога поминаа турбуленциите, сè изгледа полесно и подобро. Продолжете да се трудите, бидејќи ќе бидете наградени.

Љубов – Партнерот ви оди на нерви оваа недела. Избегнувајте кавги.

Здравје – Добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Вашиот шеф постојано ве нервира, но вие сте тврд орев. Не дозволувајте да ве совладаат емоциите и бидете истрајни до крај.

Љубов – Вниманието ви го привлекува едно повлечено лице, од вашата околина.

Здравје – Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Работа – Сè оди кон подобра деловна позиција и поголем биланс на банкарската сметка.

Љубов – Мали кавги со партнерот ве очекуваат оваа недела.

Здравје – Нервоза.

ВОДОЛИЈА

Работа – Помошта од странство секако ви значи, а вие точно знаете како треба да постапите во оваа ситуација.

Љубов – Партнерот силно ве подржува во вашите одлуки.

Здравје – Намалете со слатките.

РИБИ

Работа – Смешните деловни ситуации, ви даваат моментално задоволство и вие се чувствувате исполнето.

Љубов – Партнерот пријатно ќе ве изненади оваа недела.

Здравје – Добро се чувствувате.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛаванда е новата боја која е прифатлива за секој простор!
Следна објаваОбетките на Zara се вистинско пролетно освежување!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР