Модната галантерија – е важен дел од кој било стил, а често е и начин на изразување.

Сепак, постојат некои модни додатоци кои станаа легендарни и служат како инспирација или веднаш не асоцираат на одредена личност.

Откријте ги во продолжение…

Свилена марама – Грејс Кели
Грејс Кели ги обожувала свилените марами и шалови, а според гласините, знаела најмалку дваесет начини како да ја врзе марамата. Еден начин на врзување на марама околу вратот се нарекува токму по неа.

Тркалезните очила на Џон Ленон
Тркалезни очила се класика која се враќа во модата. Џон Ленон му донесе на светот не само песни за љубовта и мирот, туку и бесмртни очила со тркалезна рамка. Елтон Џон и Мик Џегер, исто така беа лојални фанови на “ленонки”.

Балетанки – Одри Хепберн
По филмот “Смешно лице” од 1957 година, каде Одри Хепберн се појави во црни балетанки, овој тип на обувки беа прифатени од најголемите модни куќи и по 60 години, тие не ја изгубија нивната важност.

Огромните очила на Ајрис Апфел
Големите кружни очила веќе не се само моден додаток, туку нешто што не потсетува на неодоливата Ајрис Апфел. Во својата колекција, таа има голем број на очила што ги носи во зависност од пригодата и расположението. Не е ни чудо што во 2013 година таа издаде линија на очила за сонце, заедно со брендот Eyebobs.

Белата ракавица на Мајкл Џексон

Мајкл Џексон, честопати настапуваше со една ракавица, украсена со многу циркони и блескави каменчиња. Во 2015 година, легендарната блескава ракавица беше продадена на аукција за 64,8 илјади долари.

Чевли од Маноло Бланик

Пред серијата “Сексот и градот”, чевлите на Маноло Бланик беа светски познати и не им требаше дополнително рекламирање. Но, благодарение на глумицата Сара Џесика Паркер, италијанскиот бренд стана култ. Покрај четирите главни ликови, сините чевли на Маноло Бланик се нарекуваат “петта ѕвезда” од најгледаната серија.

Велосипедските ракавици на Карл Лагерфелд
Карл Лагерфелд никогаш не се појавува без црните ракавици. Според него, тој едноставно не ги сака своите раце. Можеби тоа е заради мајка му, која во неговото детство му кажала дека има ружни раце. Велосипедските црни ракавици, станаа заштитен знак на легендарниот креатор.

Бандана Тупак

Тупак имаше свој уникатен стил и на многу начини беше тој, кој го дефинираше стилот на “лошо момче”. Тој имаше тетоважи по целото тело, Картие часовник, обетка на носот, огромните синџири околу вратот и секако бандана марама. Тупак не беше првиот рапер кој ја носеше оваа марама, но тој ја направи култ.

 

Очилата за сонце на Ана Винтур
Стилот на Ана Винтур е незамислив без големите очила за сонце од Шанел. Можно е дека благодарение на Ана, која носи очила за сонце во текот на целата година, станаа голем тренд.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави хотели од мраз во светот!
Следна објаваРецепти: Топло чоколадо Барцелона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР