Оваа трендовска јакна со монистри, само потврди дека 2017 година беше апсолутно година на монистрите. Pinterest, исто така, истакна дека побарувачката за оваа јакна е значително зголемена, а од неодамна, ја гледаме на сите познати личности, модни блогерки и во сите модни продавници. Ова значи дека сите сакаат да дојдат до ова популарно парче облека и најверојатно, ќе се фотографираат со помош  на апликацијата KiraKira (апликација за мобилни телефони која ги истакнува монистрите и сјајот), така што секој може добро да ги види.

Сепак, тенка е границата помеѓу вклопувањето на монистрите во секојдневниот изглед и претерувањето. Треба да бидете внимателни со нив, бидејќи ако претерате, на крајот ќе изгледате како диско топка која пешачи.

Затоа, избравме за вас неколку прекрасни јакни и блејзери со монистри, кои се совршена комбинација на сјај и елеганција, а вие повелете, погледнете ги во нашата галерија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСеќавањата од безгрижното детство во тегла!
Следна објаваНајбараното ќебе на сезоната!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР