Есента е поблиску до нас, отколку што ја чувствуваме. Со промената на годишното доба доаѓаат нови трендови, а ние ви ги преставуваме тие, поврзани со маникирот, за вашите нокти подготвени да ја дочекаат зимата.

Логоманија

Првиот тренд за оваа есен и зима е текстуален натпис на ноктите. Без разлика кој бренд ќе го одберете… Instagram веќе почна да го прифаќа овој тренд, а добро е што сметката за нокти Balenciaga чини десет пати помалку од истата за чизми.

Тапациран мебел

Вториот тренд се пресели од дневната соба на вашите нокти. Дизајнот на цветни и други тапацирани фотелји што ги обожуваа вашите баби, сега се вистински хит на ноктите. Минатата есен овие дизајни ги носевме на чевли и облека, а оваа сезона ќе засветат на вашите нокти. Нека вашиот дом ви биде инспирирација при изборот на шаблоните, а посвете посебно внимание на каучот, ѕидот и тепихот… и обидете се!

Голи нокти

Во модните ревии на Кристијан Диор, Валентино и Селин, рацете на моделите останаа “чисти”. Убаво дизајнираните нокти кои изгледаат негувано, отсекогаш биле во тренд и се вистинска класика. Ако овој “непостоечки” маникир изгледа здодевно и невообичаено, можете да ги декорирате вашите нокти со лесна и минимални графика, бидејќи минимализмот ќе биде популарен оваа сезона, а воедно е и следниот тренд.

Минимализам

Сите ние долго време живееме во свет кој обожува сè што е минималистичко. Оваа есен украсете ги ноктите со точки или кругови или други едноставни геометриски форми. Бојата е можна, но најважно е да не користите повеќе од две.

 Потенцирани кутикули

Означете ја оваа област со лак во боја, посипете со сјај и одберете ги налепниците во форма на месечина. Овој дизајнерски дизајн на ноктите изгледа невообичаено и пред се модерно, а што е најважно, бара минимално време и изгледа пристојно и различно од типичниот маникир.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВисока мода во Париз: Christian Dior!
Следна објаваЗошто го сакаме гламурозниот Монте Карло!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР