Компанијата VIVOBAREFOOT се спои со фирмата Sensoria за да ги произведат најпаметните чевли на светот. Комплетно опремени со неверојатните сензори x4200Hz и компјутер, кој може да снима и обработува податоци, спакувани во VIVOBAREFOOT ултра тенкиот ѓон од 5 мм.

Тие ги користат најдобрите сензори и брзина на обработка, со цел да се докаже дека повратните информации од вашите нозе до вашиот мозок, претставуваат основа на природното движење. Време е да ги пуштите вашите стопала природно да одат и да ја користат најмодерната технологија за да се докаже дека цело време стоите со двете нозе цврсто на земја.

Новите VIVOBAREFOOT паметни чевли, управувани од Sensoria системот, користат микроелектронски системи  кои се во состојба да ја следат – во реално време – брзината, темпото, ритамот, GPS, техниката на одење, времето поминато на земја, силата на ударот и можната асиметрија и користење на прстите на стапалата. Тоа се важни мерки за следење на природниот начин на трчење и го намалуваат ризикот од повреди.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајраскошна и елегантна јахта CF8 Future Concept!
Следна објаваБар посветен на Оскар Вајлд се отвора во Њујорк
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР