Trendi kupaći šorcevi za muškarce Кога станува збор за трендовите во врска со машките костимите за капење, мислите дека тука нема иновации и дека мажите се осудени на здодевни модели? – Се лажете! Постојат безброј опции како на плажа ова лето со својот тренди изглед да ги фасцинираат припадничките на женскиот пол.

Kamuflažni

Камуфлажниот или војничкиот принт, се врати оваа сезона на голема врата. Доминира во облеката за сите комбинации, но исто така и на костимите за капење. Сега конечно, можете да ја вклопите и вашата стајлинг кошула за на плажа. Во случај да ви е премногу… да облечете ваков принт, секогаш можете да се определите за модел во маслинесто зелена.

Cvetni

Моќта на цвеќето не може да се избегне оваа сезона. Цвеќето е насекаде. Еден добар цветен принт е секогаш одличен избор и не е резервиран само за жените. Ваше е само да ја изберете должината на шорцот за капење. Бидете внимателни, да не изгледате пресмешно во некој тесен модел.

Jasne boje

Принтовите се можеби забавни, но силните бои се некако повеќе класика. Експертите за дизајн велат дека на групните фотографии ќе изгледате подобро доколку носите костим за капење во силна боја. Доколку имате светол тен изберете зелена, сина или бордо боја.

Retro vibracije

За 2017 година, мажите имаат две опции да отпатуваат во минатото. За оние кои не се срамат да покажат повеќе кожа, шорцеви во стилот на 70-тите години од минатиот век е вистинска работа. Ако ја одберете деценијата на 90-тите, тогаш за вас ќе биде одличен избор шорцеви со делфини.

Tropski raj

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛансирање на Fashion Group клуб картичка и програма за лојалност
Следна објаваElie Saab – дизајнер кој жените ги прави принцези!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР