Необичен спој на спорт и мода во визијата на уметницата и дизајнерката Андре Бергат.
Сите спортистки, а и тие кои тоа не се, сигурно со задоволство би ги набавиле овие чанти – спортски топки.
Овие торби доаѓаат во 4 верзии и тоа како топки за фудбал, одбојка, кошарка или рагби. И секако, со нив секаде ќе бидте забележани.
Андреа Бергат ги креираше овие кожни торби чија внатрешност е поставена со памучна постава, додека однадвор ги красат црни кожни рачки.