Впечатливи кроеви и графички принт мотиви, се најдобриот стилски “зaчин” на пролетниот минимализам!

Со потоплово време и градските фраери почнаа се поголемо внимание да посветуваат на секојденвните модни комбинации. Впечатливи чисти модни линии и графичките принт мотиви, се се поприсутни во машката гардероба и претставуваат стилски “зачин” на пролетниот минимализам. Комбинирањето на различни детали и дизајни е едноставен чекор за да ja освежите секоја ваша модна комбинација, а тоа не бара многу труд, само малку знаење.

Класичните силуети со современи детали во облик на густо ткаени модели и геометриски принтеви се главниот тренд на машката гардероба оваа пролет.

Традиционално белата кошула е одлична подлога за шарени модни додатоци.

Класичната вратоврска оваа сезона добива пролетен изглед во облик на ситни детали – британскиот моден визионер Paul Smith предлага, цветен принт или ситен примерок на јагода како одличен начин, како да се “зачини” најнеутралното парче во машката гардероба. Додатно парче според еклектичниот брит-поп стил на познатиот креатор претставуваат и пеперутка вратоврските, кои сигурно ќе ги одушеват сите познавачи на модата.

Кошули и маици со ситен цветен принт и бордо акценти, се хит на сезоната!

Сивите или темносините тонови одлично ги смируваат јаките дезени, а доколку сакате да постигнете повпечатлив “styling” без ризик, тогаш поставата на блејзерот може да биде украсена со комплементарни принтеви како точки и линии.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈапонската кукла Kokeshi на велигденски јајца!
Следна објаваЦрно-белата комбинација, безвременски моден тренд
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР