1Оваа сезона, популарниот шведски бренд H&M се враќа на своите скандинавски корени, а новата колекција изгледа навистина неверојатно. Во кампањата доминира рустичниот амбиент, па акцентот е ставен на плетивата, крзнените детали, како и кадифените парчиња, во класичната црвена, бела, сребрена и златна боја, кои се фаворити за периодот околу Нова година и Божиќ. Како што може да се забележи во каталогот, од една страна е рустичната топлина, а од другата се модерните и елегантни сиви, црни, златни и сребрени тонови. Празничната колекција е и мошне практична, бидејќи аксесоарите може да се комбинираат во секое катче од ентериерот, но и надворешноста на домот, за вистинска магична божиќна атмосфера. Пронајдете ја омилената новогодишна тема за важиот животен простор.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто има оваа седмица во Public Room?!
Следна објаваПразнични идеи за домот (3.дел)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ