horoskop-mart-631x330-28102ОВЕН

Работа – Ја запоставувате  сопствената кариера заради кариерата на партнерот, но сега тоа мора да се смени. Не можете да седите со скрстени раце.

Љубов – Партнерот ве разбира и ќе ви даде подршка, било што да одлучите.

Здравје – Добро се чувствувате.

БИК

Работа – Работата како да не ви е примарна оваа недела. Хедонизмот е актуелен и привлечен. Внимавајте, некој може да ве клевети за мрзливост.

Љубов – На љубовниот план се уште ништо интересно не се случува, но вие морате повеќе да се појавувате во друштво.

 Здравје – Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Нова работа, нови задачи, нови предизвици. Ова е недела на прилагодување во новата работна средина, што не ви паѓа лесно, но се трудите тоа да не го покажувате.

Љубов – Без разлика на малата одвоеност со личноста која ви се допаѓа, љубовта ви цвета и оваа недела.

Здравје – Повеќе вежбајте.

РАК

Работа – Карактерот го смиривте за да се прилагодите на колективот. Нема да ги трпите оговарањата, но за сега, мирната атмосфера ви е најважна.

Љубов – И понатаму се трудите се да изгледа добро, но понекогаш се прашувате до кога ќе оди така.

Здравје – Повеќе пешачете.

ЛАВ

Работа – Ви недостасуваат предизвиците кои порано ги имавте. Не можете да го игнорирате вашиот натпреварувачки дух и желба за напредување, а тоа сега никако не можете да го реализирате.

Љубов – Уживате во односот со партнерот. Љубомората ви прави проблем, но вие и тоа ќе го надминете.

Здравје – Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа – Сакате совршена работа, а совршенството не постои. Иако вашиот знак секогаш се стреми кон совршенство, овој пат греши затоа што ќе ги испушти дадените можности.

Љубов – Со љубовта добро ви оди оваа недела. Пријатни ви се заедничките активности и тие мали ситници кои живот значат.

Здравје – Намалете ги оброците.

ВАГА

Работа – Вашата неодлучност ве кочи – имате одлични планови за приватен бизнис а вие стоите во место. Одлучете се веќе еднаш, работата не смее да трпи. Кој не ризикува, тој не добива.

Љубов – Во вашиот живот влегува една личност која ќе ве заинтригира и ќе ја разбуди во вас вербата во љубовта.

Здравје – Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Работа – Не ги одбивајте деловните понуди, може да ви се врати лошо. Имате впечаток дека немате доволно пари, а не размислувате за вашето слободно време и за уживање во животот.

Љубов – Веќе подолго време сте сами, но никако осамени. Сакате да се забавувате, само што сега заради работата имате помалку време за тоа.

Здравје – Престојувајте повеќе време на свеж воздух.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Некој на работа максимално ве нервира, а вие тоа не можете, заради вашата природа, да му простите. Нерешените ситуации можат да бидат лоши за добриот колектив.

Љубов – Конечно голема промена на љубовен план. Ова ќе промени многу работи во вашиот живот.

Здравје – Добро.

ЈАРЕЦ

Работа – Финансиската ситуација е полоша отколку се надевавте. Ќе дадете се од себе за повторно да  вложите во време и пари и да го вратите поранешниот успех.

 Љубов – Партнерот има разбирање за вас и тоа токму сега, кога ви е најпотребно. Сака да ве заштити, да не се оптеретувате и премногу да размислувате за работата.

Здравје – Неосница.

ВОДОЛИЈА

Работа – Вашата сила ќе дојде до израз оваа недела. Како предводник на работниот план, немате ни малку лесна задача. Големата одговорност доаѓа со високата позиција на која сте.

Љубов – Вашата врска има мали осцилации и недоразбирања, но сето тоа брзо ќе се реши кон крајот на неделата и тоа со разговор.

Здравје – Чувствувате замор.

РИБИ

Работа – Долго време не сте биле под ваков притисок на работа. Од вас, како премногу да се очекува. Бидете трпеливи, вашиот труд ќе се исплати и конечно ќе имате прилика да го свртите вниманието кон себе.

Љубов – Со љубовта добро ви оди, дури и подобро отколку што очекувавте. Само што се уште ги криете емоциите како змијата нозете.

Здравје – Добро ќе се чувствувате оваа недела.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавите сатенски чевли според магазинот “Vogue”
Следна објаваНаучни факти – кога алкохолот е добар за нашето здравје?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР