Шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје, влегува во завршната фаза. Пред доделувањето на наградите на 27 ноември, во 19 часот, викендов (26 и 27 ноември) следува богата програма со презентации и работилници за дизајнерите, работилници за децата и, секако, одлична вечерна музичка програма.

15193509_544303729109329_6212439481407058340_n

Претпладневната викенд програмата ќе биде исполнета со три работилници за деца. Работилницата „Фабрика за игри“ е возбудлива програма за игра и создавање на нови детски изуми и инсталации. Тематиката на работилница е слободно изразување на креативноста на децата без какви било ограничувања и правила. Оваа работилница ќе има две групи за различна возраст. Првата група е за деца од 4 и 5 години, а втората група за деца од 6, 7 и 8 години. Работилницата „Магијата на абакусот“ има програма која е прилагодена и за деца од предучилишна и училишна возраст, додека работилницата за илустрации е за деца од 7 до 12 години. Со работилницата „Фабрика за игри“ ќе раководи Јулија Ѓорѓевиќ, учителка за детски изуми и инсталации, „Магијата на абакусот“ е работилница со тренери од „Бреинобреин“, додека со „Илустрации“ ќе раководи Ина Михајлова.

Презентациите во текот на викендот ќе бидат фокусирани на здравата храна и на „Форми“, едукативна, рекреативна, но пред сè, забавна играчка.

15192779_544303259109376_5905822488102799024_n

Презентарката Софија Шутова од компанијата „Seed of Life“, која се занимава со производство на здрава храна, на 26 ноември, во 15 часот, ќе објасни како треба да се пристапи во дизајнирањето на бренд за храна, и тоа од идеа до продукт за конзумирање.

„Форми“ е македонски бренд, кој за првпат се појави на нашиот пазар на почетокот на 2016 година, а сега веќе се насочува и кон меѓународен пласман преку овозможување на онлајн-продажба на својата интернет-страница. „Форми“ е едукативна, рекреативна, но, пред сè, забавна играчка. Малите магнетни топчиња нудат безброј можности за креирање на едноставни и комплексни 3Д-конструкции, каде единствената граница е фантазијата. Користењето на „Форми“ од една страна го поттикнува логичкото размислување и интуитивната перцепција, а од друга неизбежно ја буди креативноста. Уште еден важен аспект е можноста за канализирање на стресот на позитивен начин, но и продуктивно „убивање“ на досадата.

15193611_544303725775996_4759703728724375803_n

Иновативен пристап во решавањето на дизајнерските проблеми со акцент на креативноста и на разбирањето на потребите на клиентите ќе открие работилницата „Design thinking – Understanding the power of human-centered design“, на 26 ноември, во 13 часот, со менторите Драгана Нешовска и Иван Зографски од „Solveo“. Истиот ден во 17 часот ќе се одржи и работилницата „Дизајн низ искуство“, со која ќе раководат Ива Илиевска и Елена Героска од Центарот за едукација и развој на „Сеавус“.

Завршна работилница на Недела на дизајнот ќе биде „Маркетиншки примери инспирирани од Школа за дизајн“, која ќе се одржи на 27 ноември, со почеток во 11 часот, а со која ќе раководи Димитар Попов од „Reborn“ и ќе ги пренесе искуствата за дизајнирање на маркетиншките материјали кои ќе придонесат за полесна продажба на одредени бренд-производи.

15181675_544304635775905_3029221432266798853_n

Во музичката програма ќе ги слушнеме младата белградска група „Dingospo Dali“ на 26 ноември, а истовремено ќе се одржи и рап-натпреварот „Beatrix Dance League“. Вечерта на затворањето на фестивалот, на 27 ноември, ќе настапи диџеј Master Flow од Суботица.

„Dingospo Dali“ е релативно млада белградска група, но се наоѓаат во својата најдобра свиречка и креативна форма досега. Велат дека сега е најдобриот момент за првпат да дојдат во Скопје. До лани не ни помислувале да настапат надвор од Белград, но сега нивните апетити се пораснати и ја користат секоја можност својата музика да ја претставата пред друга публика. Нивниот прв албум е снимен и се наоѓа во фаза на продукција, додека креативно се насочени кон второто остварување. На концертот во Скопје планираат да свират теми од првиот албум, но и нови песни, иако целиот нивни репертоар е нов за скопјани.

15178217_544303162442719_5997738486369347238_n

Во однос на прашањето за еклектиката, односно мешањето на жанровите како процес во музиката велат: „Мешањето на жанровите е природен процес низ кој минува музиката, а всушност, и секогаш минувала, бидејќи на тој начин се создавале нови жанрови. Да се биде затворен во рамките на одреден жанр во 21-от век е малку непотребно и малку залудно за нас, односно почетните влијанија секогаш постојат, но во суштина секогаш треба да се тежнее кон оригиналната форма и израз, бидејќи музиката треба постојано да се шири и развива“, велат од „Dingospo Dali“.

За сите детали и информации, контактирајте не на: 072 775 455 или snezana.gievska@gmail.com

15192780_544304872442548_6224411099280995861_n
15181507_544303519109350_889859607277039813_n

15170811_544304875775881_1971299061601521805_n 15134779_544304869109215_3124580574337958012_n 15134575_544304955775873_7542237274181876892_n

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот хит – очилата на “бубалиците” или штреберите!
Следна објаваGucci е најпопуларниот дизајнерски бренд за 2016 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ