Убавината на зимата, мирисот на штотуку испечените колачиња со цимет, собирањето на целото семејство додека се отвораат новогодишните подароци…декември – месец полн со исчекување на новогодишната магија и сета убавина поврзана со неа.

fashion-group-ng-1 За да ги дополниме сите специјални моменти на нашите верни купувачи и љубители на модата, Fashion Group подготви зимски каталог кој ќе служи како инспирација во празничните деновите кои доаѓаат. Низ трите различни приказни – “Планински авантури”, “Урбан живот” и “Светла во ноќта”, каталогот претставува комбинации соодветни за различните стилови, потреби и желби на купувачите. Со прикажаните парчиња тие ќе се чувствуваат удобно и привлечно без разлика каде се; низ урбаниот метеж сред новогодишната еуфорија, додека се забавуваат под празничните светла на градот или пак додека уживаат во зимската идила во природа.
Подарувањето е неизбежен дел од празниците и затоа во оваа изданиенудиме избор на многубројни и разновидни подароци, а облеката и додатоците за најмалите модни вљубениците се исто така дел од каталогот.

fashion-group-ng-5 Главни улоги во зимската магија која ја креираат брендовите на Fashion Group имаат моделите Ангела Карова и Стефан Симоновски. Фотографите Ани и Дими ги претворија сите впечатливи моменти во успешни кадри, додека пак одговорна за шминка и фризура беше Зорица Николова. Локациите кои им даваат дополнителен шарм на фотографиите се Кантина лаунџ бар, кафе барВинил и реновираното бачило, дел од скијачкиот центар Заре Лазаревски во Маврово – изјавија од Fashion Group
Зимскиот каталог е достапен во електронска форма на www.fashiongroup.com.mk, a наскоро ќе може да се најде и во секоја од продавниците на групацијата.

fashion-group-ng-2

fashion-group-ng-3
fashion-group-ng-4 fashion-group-ng-6
fashion-group-ng-7 fashion-group-ng-8 fashion-group-ng-9 fashion-group-ng-10 fashion-group-ng-11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKim Kardashian во календарот на Love магазинот!
Следна објаваНајубави идеи за пакување на новогодишните подароци!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ