Тоња Тунерс е ентузијастичен креативец од Портланд и жена која го поседува едниот од најуникатните подови до сега.
Овој интересен дизајн го направила со 13.000 пени во вкупна вредност од 150 долари. Уникатниот под бил готов за неколку месеци, но Тунерс вели дека би бил завршен и порано доколку нејзиното куче Trouble (невоља, незгода) не ги прекинувало во работата. Нешто што почнало чисто од досада со редење парички во форма на дијамант, за да се искористат касичките што фаќаат прашина се претворило во маркантен под и во најмала рака дизајнерско уметничко дело.
Можеби оваа креативна иновација ќе го инспирира ентериер дизајнерот и во вас, погледнете: