01Проектирањето на соба за едно или повеќе деца не е нималку лесна задача, особено во простор со скромни димензии. За таа цел, ви претставуваме неколку одлични дизајнерски примери за уредување на мала детска соба. Станува збор за детски катчиња со едноставен, но мошне убав и уникатен дизајн, каде иновативните парчиња мебел и вертикалното искористување на просторот се покажуваат како добитна формула. Секоја соба има различна тема и индивидуалност, благодарение пред се’ на изборот на бои и детали, обединувајќи ги естетиката и функционалноста на најдобар можен начин. Инспирирајте се од нашите предлози во продолжение и пронајдете ја омилената идеја за вашите најмили.

02 03 04 05 06 07 08 09 010 011 012 013 014 015 016 017 018 019 020 021 022 023

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФранцускиот шик како модна инспирација
Следна објаваСо овие 4 намирници канцелариската работа станува полесна!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ