Вашиот надворешен изглед, ја отсликува вашата прекрасна личност која се крие внатре. Иако, не ни треба тон облека за да изгледаме подобро, но одредени парчиња кои ни одговараат, итекако, можат да ни ја зголемат самодовербата и со самото тоа, да не направат попривлечни.

Одбравме клучни парчиња од облеката, за кои сметаме дека ќе го истакнат најубавото на вас и со кои ќе се чувствувате прекрасно!

Совршено кроен фустан секогаш е идеална опција. Можеби фустан во А крој е најдобар, бидејќи добро им прилега на сите, истовремено е едноставен и елегантен. И…никогаш не излегува од мода.

sedma-1Едноставно е – штикли (високи или ниски пети), секогаш помагаат за добро држење на телото, ги издолжуваат нозете и ви даваат самодоверба.

asos

Без разлика дали сте 36 или 46 конфекцијски број, парчињата кои се создадени по ваша мерка, секогаш ќе направат разлика. Не можете да згрешите со добар балонер или блејзер, зато што можат да ве стилизираат на многу начини и во ист момент ќе го поправат вашиот изглед. Што поедноставно, толку подобро.

prva2-17

Ако е вашата убавина е реченица, тогаш накитот е правилната интерпукција. Можеби ќе одберете мали дијамантски обетки или пак само еден сребрен ланец, накитот е секогаш суптилен начин како да го привлечете вниманието на себе.

choker

Бои….Ако сонцето благо ве заруменело, носете бела маица. Ако сте со светол тен, изберете подлабоки бои. Темна кожа? Силните бои одлично ви прилегаат. И секако, чистотата на црната боја, на сите совршено им прилега.

cet

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРачен часовник кој го крие времето
Следна објаваПремиера на ,,Црвената соба’’ во МОБ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР