Веќе добро позната локација, единствениот „Радио бар“, скриен во нашето Дебар Маало оваа Сабота 09.04.2016 со почеток во 19 часот со Wish.Ko, дамата на среброто Ксенија Котев овојпат во положба на ембрион ќе излезе од празниот скротум со нереални филигрански форми на накит, претставување на новата колекција на КК – “Hidden stories” .
Овојпат Котев го зграпчи сонот што на јаве го сонува (Catch a dream) во ритамот на отчукувањето на срцето (Heartbeat) како сребрена жица што се движи под огнот формирајќи филигранска булка во расцветување (Blossom) на распнатата душа.

„Ѕвездите паѓаат полека (Falling star) но поблиску од кога било, 3, една по друга и време е (Time) да се замисли желба (Wish), навистина време е да се „распрсне“ искрата (Spark) на соништата (Dreams), време да бидам, време е да си замислам желба, време е да заборавам но, не и да простам“, вели К.Котев.

Посакувањата (Desires) се заробени во меури (Bubbles), меур на вечниот сон на непосаканото -посакување (Latch) со сребрени солзи леејќи се (Teardrop) ја изградија круната (Crown) на оваа колекција.

Две во едно,(Two into one) за сите црни посакувања на еден или друг начин (One way or another) на веќе познатата (Curve 9) магијата (Spell) е веќе фрлена на вечното заведување, сијамски поврзани со една круна на главите спречени да го видат одразот на среќата.

Новата колекцијата на Котев ќе ве доведе до момент на искушение, а тоа е најслатко.
Повелете на малку дозволен грев оваа Сабота во „Радио бар“, всушност сите гревови се дозволени, а излезот е секогаш на аголот на вашата омилена „Кривина 9“12909608_1650394088584964_7451520787088348181_o

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПосета на филмските локации на Amelie
Следна објаваБалетот ,,Есмералда’’ во МОБ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ