Новата пролет-лето 2016 колекција на Bata е создадена да ги впие боите на природата и да ги пренесе врз чевлите и модните додатоци. Интензивни нијасни се наоѓаат на ниските чевли, а флоралните принтови ги разубавуваат патиките, летните сандали и еспадрилите.

1

Еднобојност е новиот тренд за сезоната која ни следува. Посебно внимание е дадено на секоја боја, на тоа што го претставуваистата и какви чувства побудува. Нема повеќе контрасти и комбинации, туку само чисти бои. Следејќи ги овие влијателни модни трендови, Bata го најавува доаѓањето на новите North Star обувки на навлекување, со интензивни нијанси на плетениот горен дел, а истата боја продолжува и на ѓонот. Целосно обоени се и обувките до глужд со ватиран горен дел, украсени со мали кристални детали. Овие чевли се лесни за носење, одговараат на лежерен, но и на поформален изглед, со кои ќе направите силни контрастни издвојувања на целата гардероба. Едноставни и софистицирани, секојдневната облека се комбинира со „витамински модни додатоци“, кои го изразуваат вашиот ведар карактер.

Удобни и практични, новите балетанки со шпицест врв со доза на гламур, ќе го оживеат и ќе дадат карактер на најминималниот и секојдневен изглед. На овие рамни чевли е додадена класа и оригиналност. Новиот моден тренд за сезона пролет-лето ‘16 се балетанките со шпиц кои ќе ви бидат ултра-шик придружници за да оставите впечаток со вашиот стил во секоја прилика.

Оваа сезона не може да помине без цветните принтови кои се „набрани“ на патиките и можете да ги комбинирате за да добиете уникатен спротски изглед. Флоралните мотиви ги има и на салонките, летните сандали и еспадрили. Тие се идеални за комбинирање со летни лелеави фустани, кои само ќе ја развеселат комбинацијата.

Повторно „ин“ се Оксфордките, но овој пат добиваат нови дезени, а земјените тонови преовладуваат на нив, како и на летните чизми, мокасини и сандали. Чизмите се збогатуваат со ресести детали, со кои се навраќаме на хипи стилот од 60-тите и 70-тите години.

Пронајдете го вашиот пар во некоја од продавниците на Bata и означете го доаѓањето на пролетта, оставајќи оригинален моден впечаток.

Линк за преземање фотографии: Download

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлики вклопени во околината
Следна објаваУрнебесна Физика, Градски парк 26.03.2016
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР